Неплатените обврски кон Град Скопје по основ на даноци и комунални такси за периодот од 2020 до 2025 година надминуваат 36 милиони евра, покажуваат податоците на Секторот за даноци на имот.
Станува збор за долгови за данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и за комунална такса-фирмарина. Од Градот потенцираат дека овие средства се клучни за финансирање на основните услуги, инфраструктурните проекти, како и за работата на јавните претпријатија и средните училишта.
Поради високиот износ на ненаплатени средства, градските власти упатија повик до сите физички и правни лица да ги подмират своите обврски во најкраток можен рок.
Проверката на долговите и плаќањето може да се изврши електронски преку платформата https://danoci.skopje.gov.mk/gskopje/root/public/login.xhtml или лично на даночните шалтери кои работат од 8 до 19 часот, а ќе бидат отворени и во сабота на 13 декември.
За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на следните контакти:
Данок на имот: 072/204-434, 02/3207-546, e-mail: anitan@skopje.gov.mk; nuredin.nuredin@skopje.gov.mk
Данок на промет, наследство и подарок: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: biljana.manakoska@skopje.gov.mk
Комунална такса-фирмарина: 02/3297-314, e-mail: angelina.gievska@skopje.gov.mk
Даночно сметководство: 02/3297-298, 02/3297-296, e-mail: katerina.donev@skopje.gov.mk

