Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека граничниот премин Евзони (ГП Богородица) е затворен за сообраќај од 11:00 часот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Фреквенцијата на сообраќај на патните правци надвор од градовите е умерена.

На македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска е активна до 15.03.2026 година.

Exit mobile version