ГП Богородица затворен поради пожарите

Граничниот премин Богородица е затворен за сообраќај од македонска и од грчка страна поради пожарот кој избувна во негова близина попладнево.

Од снимки објавени на социјалните мрежи се гледаше пожар во борова шума во билзина на граничниот премин, непосредно над казината, кои исто така се во негова околина.

Огнот во близина на преминот е изгаснат, но се чека целосно да се смири ситуацијата со пожарот, со последиците од него пепелта и чадор, па тој пак да биде отворен.

Од екипите на терен соопштуваат дека пожарот поради ветрот почнал да се движи кон границата со Грција поради што биле информирани и грчките пожарникари од противпожарната единица во Поликастро.

03.08.2021 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега