Гостиварец со нож се повредил себеси, како и мајка си, сестрата и внуката, од полицијата велат дека имал здравствени проблеми

 

 

Дваесет и шестгодишен жител на гостиварско село, во семејниот дом, најпрвин со остар предмет, неколкупати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и 50-годишната мајка, 29-годишната сестра и малолетната внука.

„Пријавениот, кој се соочувал со здравствени проблеми, и трите други повредени лица, биле пренесени во гостиварската Општа болница ‘Ферид Мурад’ за укажување лекарска помош и се надвор од животна опасност“, велат од полицијата.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово О дделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

23.11.2023 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега