Вчера во ОВР Гостивар, 72-годишник од Гостивар пријави дека му биле злоупотребени неговите лични податоци.
Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал.
Како што е пријавено, тој се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Беџети се пожали: Пораки од Собрание добивам само на македонски
- Ифтарска вечера организирана од Коњановски
- ФОТО: Мицкоски разговараше со Фон дер Лајен
- Почина Архиепископот на Грузија, Илија II
- Израелски удар во срцето на Техеран: Убиен министерот за разузнавање Есмаил Хатиб
- (ВИДЕО) „Реки од народ“ во Техеран: Масовна поддршка за иранските воени операции
- Милошоски – Лексман: Членството во ЕУ е заемно корисно за стабилноста
- (ВИДЕО) Небото над Ријад во пламен: Саудијците соборија ирански ракети


