Гостиварчанец за една ноќ извршил три кражби, полицијата го приведе

 

Вчера во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат.

Кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичните дела, кои ќе бидат вратени на сопствениците, а тој е задржан во полициска станица и по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

11.07.2024 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега