На 19.09.2025 во 10:15 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на ул.„Беличица“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од С.С.(27) од Гостивар и мопед со гостиварски регистарски ознаки, управуван од Д.В.(18) од с.Врапчиште, Гостиварско. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Leave A Reply

Exit mobile version