Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Искористете го сонцето – наскоро доаѓа драстична промена
    • Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гореше на повеќе локации низ земјава: 26 пожари во последните 24 часа

    Гореше на повеќе локации низ земјава: 26 пожари во последните 24 часа

    01.09.2026 во 08:072 Mins Read
    ЦУК
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во последните 24 часа на територијата на земјава се евидентирани 26 пожари на отворен простор. Од нив, 20 се целосно локализирани, четири се ставени под контрола, додека два пожари сè уште се активни, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Според состојбата до 7:30 часот, активен пожар има на просторот меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај. Таму огнот зафатил нискостеблеста шума и ниска вегетација.

    Активен е и пожарот во штипскиот регион, на потегот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде што гори ниска вегетација.

    Четири пожари се под контрола. Во Македонски Брод, во близина на селата Битово, Заград и Страјане, пожарот зафатил нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат. Под контрола е и пожарот на Градската депонија „Острец“ во Делчево.

    Во истата категорија се и пожарот кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод, како и огнот над селото Палиград во Општина Зелениково.

    Во текот на деноноќието целосно се изгаснати уште 20 пожари. Интервенции имало на различни места, меѓу кои кај Градец во Општина Врапчиште, Подмочани во Ресен, Нежилово во Општина Чашка и Урвич во Општина Боговиње.

    Пожари биле регистрирани и на повеќе локации во Гази Баба, Струга, Долнени, Кичево, Ново Село, Старо Нагоричане, Желино, Кавадарци и Свети Николе.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Искористете го сонцето – наскоро доаѓа драстична промена

    20.09.2026 во 11:40

    Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени

    20.09.2026 во 11:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.