Close Menu
    Најново

    Утре сонце со „заби“, од понеделник дожд и температури под просекот

    04.10.2025 во 16:27

    ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС

    04.10.2025 во 16:08

    Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани

    04.10.2025 во 16:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Утре сонце со „заби“, од понеделник дожд и температури под просекот
    • ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што секоја фирма може да добие тендер говори дека институциите се слободни, а постапките транспарентни, а не наместени како со СДС
    • Николоски: Наскоро ќе биде избран изведувач за изградба на автопатот Кичево – Букојчани
    • Шукова: Во рок од една година може да почне реализацијата на БРТ системот
    • Герасимовски заедно со советниците и хигиеничарите ја чистеа дивата депонија во Крњево
    • Загина Дарко – брзал бидејќи сопругата се породувала
    • Паднаа двајца дилери од Виница
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Горан Марковски: Скопје треба да влезе во  ,,standby mode”

    Горан Марковски: Скопје треба да влезе во  ,,standby mode”

    02.10.2025 во 11:23
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во предизборниот период до локалните избори на 19 октомври, Прес 24, ќе објави интервјуа
    со кандидатите за градоначалник на Скопје. Тие интервјуа се предвидени да ги отсликаат нивните размислувања за неколку клични точки кои се важни за идниот развој на Скопје.

    Интервјуата се дефинирани на исти теми и прашања, од кои гласачите ќе можат да направат компаративнин анализи на идеите на кандидатите за тие теми. Во темите опфатени се јавниот превоз, урбанизацијата на градот, чистотата, сообраќајните коридори, организацијата на локалната власт.

    Четвртото интервју е на Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје (Независни заедно)

    ПРЕС 24:  Јавниот градски превоз е една од црните точки на Скопје. Кои се Вашите позиции за ова? Што му треба на Скопје? Метро, трамварј, автобуски јавен превоз?

    МАРКОВСКИ: Скопје е запоставен, истоштен, измрцварен и страден за многу нешта град. Град со сѐ побројни црни точки кои се стремат да ја препокријат целата негова територија.

    На Скопје итно му треба добро осмислен развој. Стручно и домаќинско раководство. Оддржливи решенија, искоренета корупција, скратување на неопотребните трошоци. Скопје веќе нема време за губење. За нови авантури, политички пазарења. Скопје е доведено во состојба да нема време за чекање. Ниту за трамвај. За метро уште помалку. Затоа сметам дека за решавање на градскиот превоз реално решение се елекртични автобуси со различна големина, обезбедени на оперативен лизинг. На лизинг затоа што градот мора да има средства и за други проекти, како и за секојдневно функционирање. На оперативен лизинг затоа што одржувањето на автобусите треба да се довери на компанијата со која ќе се склучи договорот. Скопје нема и сѐ помалку ќе има сопствен кадар за нивно редовно и квалитетно одржување.

    После амортизирањето на сегашнава кризна состојба, може да се продолжи со реализација на нови транспортни инфраструктурни објекти кои дополнително и долгорочно ќе ја подобрат денешнава незавидна состојба. Во секој случај, последниот збор ќе го имаат оние кои во оваа област имаат големо искуство и знаење.   

    ПРЕС 24:  Каков е Вашиот план, што може да се очекува како решение и до кој обем во мандат од 4 години?

    МАРКОВСКИ: Итна набавка на електрични автобуси, осовременување на линиите, воведување на секундарни линии со помали автобуси кои ќе сообраќајат низ населбите и ќе ги пренесуваат граѓаните до постојките на примарните линии, воведување училишни автобуски линии, осовременување на информативните табли, изработка на телефонска апликација за следење во реално време на возниот ред, односно за движењето на автобусите, воведување ценовник на билетите со кој ќе се избегнуваат гужви и ќе се рационализира превозот. Паралелно со сето ова може, врз основа на  дефиниран документ за визијата на Скопје, да се очекува изработка на издржана проектна документација за подобрување на уличната инфраструктура. Кусо кажано, можам да ветам максимална посветеност и стручен пристап во решавањето на ова горливо прашање за скопјани. Без вграден популизам и нереални ветувања.

    ПРЕС 24:  Втора клучна точка е сообраќајот во главниот град. Имате ли план за проширување,намалување, или пак за реорганизација на сообраќајници и булевари?

    МАРКОВСКИ: Можеби сум единствениот кандидат за градоначалник кој не ја гледа иднината на Скопје во изградба на нови катни гаражи, бројни паркиралишта и слични зафати кои не само што водат кон уништување на и онака  малку преостанатите зелени површини, туку и кон стимулирање на употреба на моторни возила, а со тоа и кон поголемо загадување на воздухот и метеж низ неговите улици. Треба да се тежнее кон современ Европски град со релаксиран сообраќај (претежно со електрични возила и велосипеди), безбедни велосипедски и пешачки патеки, град со чист воздух, со повеќе површини наменети за човекот. За нашето добро. За доброто на нашите деца.

    Тука би го вклучил и градскиот воз кој со заедничка синергија помеѓу Министерството за транспорт, Македонски железници и градот треба да придонесе за дополнително еколошко ублажување на моменталната состојба.

    ПРЕС 24:  Што со централното градско подрачје? Дали би поддржале и реализирале идеја занаплата за транзит низ Малиот Ринг со автомобили, по примерот на други метрополи?

    МАРКОВСКИ: Како што веќе наведов, градот треба полека да се релаксира од преголемата употреба на автомобили. Особено неговиот строг центар (Малиот ринг), каде со осмислени интервенции треба да се обидеме да ги вратиме луѓето, а со нив и нормалноста на просторот. Во Големиот ринг, паркирањето треба да биде тешко достапно и со тоа граѓаните дополнително да се одвраќаат од користење на сопствените моторни возила. Привилегија можат да имаат само оние на електричен погон. Се разбира, во исто време градот мора на своите граѓани да обезбеди алтернатива со воведување квалитетен јавен превоз, ефтини такси услуги со електрични возила, подземни сообраќајници и сл. Мораме да почнеме со промена на навиките. Почетоците биле тешки и за оние градови на кои денес има се воодушевуваме.

    ПРЕС 24:  Дали на Скопје му требаат нови паркинг простори и каде?

    МАРКОВСКИ: Прво треба да се прекине со градење надземни паркинг гаражи. Бесмислено е скапиот и квалитетен градски простор да се упропастува за паркирање на возила и со нив дополнително да се уништуваат и онака оскудните зелени површини.  Подземни паркинзи мора да има под секоја новопроектирана зграда и тие треба да се продаваат заедно со становите. Не може да се дозволи сопственици на станови во згради со изграден паркинг простор да бараат и добиваат  налепници за привилегирано паркирање низ населбата. Со оваа мерка ќе се спречат и шпекулациите со виртуелните паркинг места во новоизградените објекти. Истото би важело и за оние кои сопствените подземни паркинг места ги користат за некоја сосема друга намена. Ќе се преферира изведба на нови подземни, добро обезбедени и дури на почетокот и бесплатни паркинг простори на влезовите во Скопје, со цел таму своите возила да ги оставаат оние кои доаѓаат во градот на кус временски период. На тие локации ќе има автобуски постојки за превоз на овие патници до саканата дестинација во градот. Ова се решенија кои веќе долго време функционираат низ многу градски средини.

    ПРЕС 24:  Трет сериозен проблем во градот е чистотата. Кој е вашиот план за почисто Скопје?

    МАРКОВСКИ: Скопје стана синоним за валкан град. Се плашам дека неговите жители полека, но сигурно почнаа да се привикнуваат на оваа грда нова нормала. Како да се вративме со проблемите во 19.  век. Никој повеќе не верува дека Скопје може и поинаку.

    Имајќи предвид дека валканото води кон уште повалкано, мора веднаш да се започне со нов однос кон ова суштествено прашање. Денес не постои друг начин на справување со отпадот освен негова селекција и понатамошен третман на селектираното. Најдобро е и најрационално ако со селекцијата се започне уште во нашите домови. Така позитивно ќе влијаеме и на аеро загадувањето на градот. Да не се замајуваме со некакви други чудотворни решенија. Кампањскиот пристап не нуди трајни и издржани решенија туку само привид и краткотрајна илузија.

    ПРЕС 24:  Дали Комунална Хигиена и Паркови и Зеленило треба да се трансформираат во општински претпријатија, или да останат централизирано градско претпријатие?

    МАРКОВСКИ: Мислам дека е подобро да останат под ингеренции на градот. Евентуална „децентрализација”  би довела до други проблеми. Притоа се разбира ја исклучувам можноста од повторување на претходниве 4 трауматски години. Да не ја бараме причината за нивното несоодветното работење онаму каде што не треба. Кристално е јасно дека за квалитетни услуги на јавните и комунални претпријатија, потребна е стручност, компетентност и чесност на раководните кадри и нивно ослободување од партиските пранги. Дали конечно ќе почнеме да учиме од сопствените грешки – незнам, но знам дека алтернатива за таквиот пристап едноставно не постои.

    ПРЕС 24: Урбанизацијата на Скопје. Каква е Вашата политика за развојот на градот?

    МАРКОВСКИ: Вистинскиот урбанизам, оној кој се учи на факултет,  во последните децени е неатрактивна категорија на изумирање. Затоа пак, како негова супституција можат да се издвојат два претходно непознати процеси, секој на свој начин деструктивен.  Едниот е поврзан со окрупнувањето на локациите во  центарот на градот и низ неговите населби, препознат како ,,кампинг урбанизам” (бараш локација за на неа да се распостелеш онолку колку што можеш, при што контекстот воопшто не е битен). Во овој процес најдобро се снајдоа одредени инвеститори кои полека ги запоседнаа атрактивните локации. Вториот процес, кој може да се нарече ,,органски урбанизам” е обратен. Бегајќи од градскиот хаос одредени граѓани открија локации во селските приградски населби (Соње, Бардовци , Волково и сл.) во кои недостасува уредена сообраќајна и друга инфраструктура и сѐ се решава од случај во случај. Притоа, не се знае кој од двата концепти е полош.

    ПРЕС 24:  Во кој правец треба да се шири Скопје?

    МАРКОВСКИ: Најдобро во ниту еден. Скопје треба да влезе во своевиден ,,standby mode”. За да се ,,преброи”, преиспита, соземе. За да изгради своја визија. Да ги постави целите кон кои ќе се стреми. За да обезбеди пристоен и безбеден живот за своите граѓани. Сведоци сме на последиците кои со себе ги доносе ,,теоријата на хаосот”, на погрешно разбраното значење на терминот ,,отворен град”, на неговата непланска трансформација во државна спална соба, итн итн.  Постоечката инфраструктура неможеше сето тоа да го издржи и затоа почна да колабира. Делумно од застареност и неодржување, но делумно и од пренаселеност.

    Затоа е потребна стратегија. Документ за визија на градот, за неговиот генерален развој заедно со развојот на неговиот регион. Секој чекор во иднината мора да биде добро одмерен и предвидлив.       

    ПРЕС 24: Управувањето со отпад. Градот, државата (владата), или приватен инвеститор е решение за Дрисла?

    МАРКОВСКИ: На Скопје му треба нова, современа, самоодржлива и што е најважно од се – над партиска депонија, која од селектираниот отпад ќе произведува енергија и нула загадување. За нејзина изградба треба да се искористат средства од Европските фондови, а за нејзиното работење искуства од Европските градови. Но изградбата не треба да е цел сама за себе. Многу побитно е со неа да раководат исклучиво стручни кадри кои добро ја познаваат проблематиката. Кои за тоа учеле. Без разлика кој ќе биде нејзиниот стопан. Крајно време е да престанеме да се вртиме во деструктивниот круг на лажната надеж барајќи решенија во систем кој нуди само проблеми. Во систем во кој  наместо селекција на отпад, се врши партиска селекција на и онака редуцираниот човечки стручен потенцијал. Мораме конечно да разбереме дека во ваквите процеси нема место за политички пазарења, натурени кадри, нестручност. Напротив.  

    ПРЕС 24: Имате ли идеја како Скопје да стане град со нула отпад на улица?

    МАРКОВСКИ: Искрено, за тоа ни треба долгорочна стратегија, посветеност на надлежните, време, едукација на населението од мали нозе и уште низа активности во таа насока. До нула отпад на улиците не се доаѓа преку ноќ, особено не од денешнава стартна позиција. Ќе се започне со нивно редовно одржување, секако во координација со општините. Од поставување на соодветни канти за отпадоци, па се до паметни контејнери и видео надзори на критичните точки. Ќе се реализира редовно чистење и миење на улиците, одржување на зелените површини, собиралиштата и другите критични точки. Ќе се води строга контрола на градилиштата. Расфрланиот, неисчистен смет води кон уште поголема нечистотија.

    Дивите депонии да станат минато. Да се исчистат и да се постави постојан комбиниран мониторинг на локациите. Тука Вардариште ќе добие специјален третман. Средувањето на локацијата ќе биде макотрпен и скап процес, но тоа е споредно кога знаеме дека се работи за здравјето на скопјани, особено на оние кои живеат во неговата околина. Јавашлукот и долгогодишната негрижа не доведе во ваква навидум безизлезна состојба.    

    Тука би ја додал и потребата од изградба на повеќе јавни тоалети на фреквентните локации. Градот мора да создава услови за почиста животна средина на своите жители.  

    ПРЕС 24: Постоечката локална организација. Дали треба да се менува и во кој контекст? Начин на финансирање, начин на избор на претставници, територијално? Поголема централзиација, или поголема децентралзиација?

    МАРКОВСКИ: Како и што споменав претходно – не е до организацијата. До луѓето е. До оние кои раководат со градот, општините, јавните и комунални претпријатија. До нивната стручност, посветеност, искуство, чесност, отчетност. Домаќинлук. До нивната независност.

    Финансиско работење на градот ќе биде лесно видливо на неговата интернет страница. Секој од неговите жители, би ги нарекол акционери, ќе има увид во тоа каде одат заедничките пари. Мора конечно да се каже – доста е! На негрижата, расипништвото, корупцијата. Сите избрани лица треба да работат за доброто на градот и граѓаните. Во спротивно не треба ни да конкурираат за таквите позиции. На крај сакам да го промовирам и новиот проект наречен ,,Мој агент” со кој, со помош на вештачката интелигенција и паметните телефони, секој граѓанин ќе може брзо и лесно да доаѓа до потребните информации поврзани со неговото секојдневно живеење. Апликацијата е творба на наши стручни лица, кои се дел од мојот предизборен штаб, а кои долги години работат во странство како консултанти на многу сериозни светски агенции. Тоа ќе биде еден многу  корисен дигитален подарок за моите сограѓани. Се надевам од нивниот иден Градонач

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Популарно

    Загина Дарко – брзал бидејќи сопругата се породувала

    04.10.2025 во 14:49

    Директорот добро помина: Плата за кој месец зема те прашувам бе

    03.10.2025 во 17:32

    Сообраќаен хаос и попладнево во Скопје: Граѓаните се бесни и револтирани

    03.10.2025 во 17:25

    Паднаа двајца дилери од Виница

    04.10.2025 во 14:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.