Скопската Зоолошка градина објави дека со голема пожртвуваност на вработените, особено Зера и со долги непроспиени ноќи успеале да ги спојат гибоните Делфина и Мики кои учат да живеат заедно и самостојно без човечка помош.

-Двата гибона беа отфрлени од мајката како бебиња и чувани со 24/7 нега, љубов и посветеност. Во консултација со експерти од светски организации за заштита на гибоните, како и Перт ЗОО кои имаа слична ситуација, а со максимални напори и труд од вработените во Скопје ЗОО- гибончињата Делфина и Мики сега се во заедничко живеалиште и одлично се прифатија еден со друг.  За овој значаен подвиг на целиот наш тим добивме пофалба од сите експерти со кои соработуваме, велат од Зоо Скопје.

Оттаму истакнуваат дека нивниот зимски дом е привремен, до заедничко навикнување, а вработените веќе го подготвуваат новиот современ простор со отворен за нив.

-Се надеваме дека наскоро ќе се вратиме на патот кон ЕАЗА која е наша крајна цел, а гибоните ќе бидат дел од EEP (European Endangered Species Programme), посочуваат од ЗОО Скопје.

Видео

Exit mobile version