Најмалку едно лице е приведено утрово под сомнение за местење на тендери тешки стотици милиони денари во РЕК Битола, неофицијално дознава Press24 од свои извори.
Според неофицијалните информации, во акцијата на Финансиската полиција приведен е конзул на странска држава кој сопственички се поврзува со компанија во Битола која била ангажирана за ископи во РЕК Битола.
Неофицијално тој е под сомнение за малверзации со тендер од 100 милиони денари.
Името на неговата компанија беше посочувано како едно од мајомилените на минатата влада кога станува збор за ангажмани во РЕК Битола.
Политичките партии на прес конференции обвинуваа дека оваа фирма ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери во РЕК Битола.
Според тогаш објавените информации, оваа компанија за само две години инкасирала 200 милиони евра од тендери.
До овој момент нема официјална потврда за оваа акција.
Актуелно
- (ФОТО) Неексплодирани гранати пронајдени во двор во Дојран и на брегот на Преспанското Езеро
- Падна дилер од Радовиш – полицијата му најде дрога пред влезната врата
- Османи: Го враќаме автентичниот лик на Старата Чаршија
- Кривопаланчанец претепан во Ѓорче Петров
- Работиме по 15 часа на ден – знам дека има многу проблеми
- Повреден работник од „Комунална хигиена“ – пренесен во болница
- Фудбал: Македонската репрезентација вечерва против Белгија игра за прво место во групата
- Важни совети за жените над 50 години