Најмалку едно лице е приведено утрово под сомнение за местење на тендери тешки стотици милиони денари во РЕК Битола, неофицијално дознава Press24 од свои извори.
Според неофицијалните информации, во акцијата на Финансиската полиција приведен е конзул на странска држава кој сопственички се поврзува со компанија во Битола која била ангажирана за ископи во РЕК Битола.
Неофицијално тој е под сомнение за малверзации со тендер од 100 милиони денари.
Името на неговата компанија беше посочувано како едно од мајомилените на минатата влада кога станува збор за ангажмани во РЕК Битола.
Политичките партии на прес конференции обвинуваа дека оваа фирма ќе заработува 63 илјади евра на ден од само 10 булдожери во РЕК Битола.
Според тогаш објавените информации, оваа компанија за само две години инкасирала 200 милиони евра од тендери.
До овој момент нема официјална потврда за оваа акција.
- Внимание возачи: Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради две спортски трки
- Насилство во установа во Центар: Скопјанка пријави физички напад од колега
- Хаос на Ќафасан: Албанците чекаат над два часа за поевтино гориво и храна во Македонија
- Николоски предупредува: Без нови ДУП-ови, квадрат во Скопје ќе надмине 5.000 евра
- Жена загина во пожар во Шуто Оризари
- 30 дена притвор за 68-годишен струмичанец: Фатен со 50 грама кокаин во своето возило
- Само еден лек недостига на Онкологија: ФЗО најавува брзо решавање на проблемот и повеќе пари за терапии
- За 24 часа уапсени 15 возачи за безобѕирно возење низ државата

