Ноќеска во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.
Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на бул.„АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Актуелно
- Полицијата пронајде дрога кај малолетници од Скопје
- Илон Маск стана првиот човек со богатство над 800 милијарди долари
- МВР за Пресс24: Преземаме мерки во Скопје и Струмица со врска со опојна дрога
- Американската војска во акција: Извршени пет воздушни напади врз позиции на ИСИС во Сирија
- Светот пред нова нуклеарна трка: Истекува последниот договор меѓу САД и Русија
- „Никој нема да биде заборавен“: Украина се подготвува за враќање на стотици свои бранители
- Акција на полицијата во Струмица и струмичко – опсада за 5те тони марихуана
- Паѓаат бариерите во Техеран: Иранските жени по децении борба конечно се качуваат на мотори

