Ноќеска во 02:20 часот во СВР Скопје е пријавен дека на паркинг простор од Спортскиот центар „Јане Сандански“ на подрачје на општина Аеродром во Скопје биле опожарени товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки и товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, двете сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.С. од Прилеп.
Во 02:50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по преземени мерки и активности на полициски службеници од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, поради сомнение дека го предизвикале пожарот, на бул.„АСНОМ“ од слобода се лишени Ф.Ц.(23) и И.Ц.(24), двајцата од Скопје.
Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка.
Актуелно
- ЈСП утре ќе сообраќа по неделен возен ред
- Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
- Пронајден починат маж пред поликлиника Ченто
- Уапсен кумановец на меѓународниот аеродром во Скопје
- Томовски до АКТ СДСМ: Ме клеветите – ќе Ве тижам
- Келог: Мировниот договор за Украина е „на последните 10 метри“
- Се заборавиле со алкохолот: Уапсени повеќе пијани возачи
- СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Сите ќе одговарате – ќе го објавиме целиот систем на лаги

