Голем љубовен хороскоп за јули 2020

Дознајте што ве очекува на полето на љубовта до крајот на јули.

Овен

Ако сте во врска

Ќе бидете свртени кон себеси и своите потреби и повеќе од вообичаено ќе чувствувате потреба да се потпрете на саканата личност. На вашиот партнер тоа нема да му пречи, но под услов да одржувате искрена и отворена комуникација и заеднички да се договарате. Во врска со заедничките договори ќе се сложувате одлично.

Втората половина на јули ќе бидете фокусирани на решавање тешкотии на работа и поради тоа ќе имате помалку време за заеднички активности со саканата личност. Поради притисокот кој го трпите на работи, можни се конфликти во вашата врска. На 27 јули, Венера прави квадрат со Нептун, што може да ви донесе сериозни несогласувања и неискреност во врската.

Ако сте слободни

Ќе остварите повеќе контакти со нови личности кои ќе ви делуваат интересно за разговор, а ќе посакате да дојде и до емоционално зближување со една личност која ќе ве освои со својата привлечност и начин на комуникација. Брзо ќе почнете да излегувате и да се гледате, но можно е сето тоа да биде ваша илузија и да не ви биде возвратено со ист интензитет. Поради тоа, можно е да дојде до разочарување.

Некои Овни ќе се навратат на стара комуникација со личност со која споделувале интимност, но од тоа може да произлезе само тајна врска бидејќи таа личност не е слободна.

Бик

Ако сте во врска

Меркур прави квадрат со Марс во првата половина на јули. Можно е да дојде до напнатост и несогласување со саканата личност што ќе предизвика препирања и напнатост меѓу двете страни. По 12 јули, Меркур почнува да се движи директно, така што ќе ја подобрите комуникацијата и ќе ја намалите напнатоста. Потрудете се повеќе да разговарате со саканата личност.

Вториот дел од јули ви носи спротивни ставови и тешко договарање. Можно е да отидете на заедничко патување, но и тоа има потенцијал да предизвика конфликти. Најдобро е да бидете отворени за компромис. Крајот на месецот носи подобрување во односот.

Ако сте слободни

Ве очекува променлив период на ова поле. Ќе имате повеќе шанси за излегување и нова емоционална врска со личност која отворено ќе ви пријде и ќе ви даде до знаење дека сака нешто повеќе од авантура. Сепак, многу Бикови ќе бидат скептични во однос на ова поради разликата во ставовите и размислувањата, па така ќе одлуките да не се задлабочувате во таквиот однос.

Некои Бикови ќе соберат храброст да и се приближат на личноста која им се допаѓа но внимавајте да заземете исправен став. Често ќе бидете напнати и во самиот однос кон таа личност, што може да ви донесе негативни поени и неуспех.

Близнаци

Ако сте во врска

На вашата сакана личност ќе и биде потребно повеќе внимание и затоа ќе делува повлечено. Но, вие брзо ќе сфатите за што станува збор и ќе ја понудите својата поддршка и внимание. Ќе водите опуштени разговори и ќе можете да се договорите и да зборувате за своите чувства. Вашиот однос ќе биде стабилен.

Другата половина на јули носи прилагодување и отвореност на компромиси. Вашиот партнер можно е да има спротивни ставови во однос на заедничките финансии, што може да предизвика тензија меѓу вас. Ќе бидете оптоварени со работни обврски и нема да имате трпение за потребите на саканата личност. Можно е и да криете некои работи од нив, па тоа ќе предизвика сомнеж.

Ако сте слободни

Првиот дел од јуни ви носи интензивни контакти со пријателите, па така ќе запознаете повеќе личности која ќе ви го привлече вниманието но ќе биде неодлучни до однос на тоа како остварувате контакт со нив. Ќе се одлучите за личност која ви делува оптимистички и која има авантуристички дух. Ќе се зближите во втората половина на јуни и ќе откриете дека имате спротивни ставови во однос на некои теми. Тоа ќе ве обесхрабри и можно е брзо да го прекинете односот.

Некои Близнаци ќе влезат во врска со личност која ја познаваат или ќе ја запознаат преку работа. Можно е тоа да е врска на далечина, но тоа ви одговара засега.

Рак

Ако сте во врска

Сатурн кој владее со вашето поле на љубовта се враќа ретроградно на 2 јули во Јарец. Вашиот партнер ќе бара поголемо внимание од вас, а потребно е сериозно да поработите на зближување и градење заеднички планови кои не успеавте да ги постигнете овој период. Ќе ви биде потребно големо трпение и истрајност, а можни се и некои минливи несогласувања.

Втората половина на јули ви носи подобрување на меѓусебната комуникација и можност да поминете повеќе време заедно. Опозицијата на Сонцето со Јупитер, Плутон и Сатурн ќе ви донесе несогласувања околу заедничките финансии, како и спротивни потреби во однос на заеднички патувања. Односот ќе биде прилично напнат.

Ако сте слободни

Ќе ве обземе носталгија и сеќавање на една врска која сте ја имале во минатото. Личноста која ќе ја запознаете наскоро ќе ве потсетува на некој партнер од минатото. Ќе посакате да се зближите со таа личност и во тоа ќе успеете на средината на месецот. Втората половина на јули ви носи разбирање дека можеби не сте еден за друг и дека постои разлика во ставовите меѓу двете страни. Ќе се одлучите за друга личност, а на ова ќе гледате само како на минлива летна шема.

Некои Ракови ќе забележат дека изградиле сосема погрешен став во однос на некоја личност. Потребно е да промените некои навики и да прикажете кои квалитети ги поседувате.

Лав

Ако сте во врска

Потребно е да се усогласите со саканата личност во однос на некои прашања во вашиот однос. Ви делува јасно и едноставно, не забележувате дека другата страна го нема истиот оптимизам како вас, па веќе подолго време се труди да ви покаже нешто. Ако не обрнете внимание на тоа, може да дојде до несогласувања.

Втората половина на јули ви носи напнатост поради тоа што нешто сте криеле од партнерот. Тоа ќе доведе до сомнеж и ќе ја наруши меѓусебната доверба. Неопходно е да бидете искрени и да разјасните за што станува збор. Во спротивно, би можеле да се оддалечите еден од друг, што би ја загрозило врската.

Ако сте слободни

Ќе ве привлече личност која може да ви помогне околу некои технички работи. На почетокот ќе ви делува шармантно и ќе почнете тајно да се гледате. Лесно може да се случи да влезете во врска. Но, внимавајте да не биде скриено нешто од вас.

Некои Лавови поставуваат високи критериуми и тешко го прифаќаат предлогот на една личност за зближување.

Девица

Ако сте во врска

Тригонот на Сонцето со Нептун во првата половина на јули придонесува за добро чувство за потреба на саканата личност, што може да придонесе за поголема иницијатива за заедничка акција, која вашиот партнер ќе ја прифати со воодушевување. Би ви годело да одите на заедничко патување каде ќе се посветите еден на друг.

Средината на јули ќе доведе до мали несогласувања со саканата личност, но за среќа таквите моменти ќе бидат брзо надминати. Ќе уживате во заедничките моменти.

Ако сте слободни

Јули е поволен месец за започнување врска која ќе ги исполни вашите очекувања во љубовта. Едно познанство со личност која е ведра ќе ви донесе поттик и инспирација. Ќе минувате многу време заедно и ќе споделувате исти интереси. Тоа ќе ве зближи многу и ќе се јават емоции, топлина, нежност и многу време ќе минувате заедно. До крајот на месецот ќе отпочнете емоционална врска во која и двајцата ќе бидете среќни и исполнети.

Вага

Ако сте во врска

Можни се кавги во врската поврзани со целите. Ќе имате различни погледи на тоа што би требало да биде приоритет во врската, а и двете страни ќе имате цврсти аргументи од кои нема да отстапите. Договор ќе биде постигнат кога Меркур ќе почне да се движи директно, по 12 јули. Тоа ќе ја подобри комуникацијата.

Втората половина од јули носи мали недоразбирања поврзани со распределбата на домашните обврски. Ќе се чувствувате распнати, а вашиот партнер нема да има големо разбирање. Тоа ќе ја зголеми тензијата, но крајот на месецот носи и поведра енергија.

Ако сте слободни

Ќе наидувате на многу искушенија кои ќе ги тестираат вашите критериуми во однос на тоа каква личност сакате покрај себе. Можно е ниту еден од потенцијалните кандидати да не ги исполнува вашите критериуми. Некои Ваги ќе влезат во врска со личност која премногу им се допаѓа, но можно е да се изгубат во лавиринтот на чувства. Сепак, крајот на месецот ви носи мудра одлука и храброст да се посветите на тоа.

Шкорпија

Ако сте во врска

Потребно е да се потрудите да ја подобрите комуникацијата со саканата личност. Во спротивно, ќе доаѓа до недоразбирања и засилени тензии. Кога Меркур ќе почне да се движи директно на 12 јули, конечно ќе можете да ги надминете сите тензии и несогласувања и да се сложите околу заедничките планови. Потребно ви е повеќе забава и излегување.

Вториот дел од месецот ќе биде потребно да сте отворени на компромис. До крајот на месецот ќе успеете да се договорите и да ги решите несогласувањата.

Ако сте слободни

Една средба со личност која е забавна и привлечна во вас ќе разбуди длабоки чувства и ќе се заљубите. Ќе забележите дека и од другата страна ги има истите чувства и тоа ќе ви дава убаво чувство постојано. На почетокот ќе бидете во облаци, но можно е разидување за некои Шкорпии на крајот на месецот, а и разочарување. Можно е да го прекинете односот за да обновите врска со личност од минатото на крајот на месецот.

Можна е авантура за некои Шкорпии, посебно поради тоа што ќе забележите дека некоја личност не е таква каква што сте замислувале дека е.

Стрелец

Ако сте во врска

Меркур кој владее со вашето поле на љубовта прави квадрат на 8 јули со Марс а тоа носи зголемени тензии и препирања во врската. Причина за тоа ќе биде неможноста да се договорите околу заедничките финансии, како и начинот на којшто би го минувале времето заедно.

По 12 јуни, комуникацијата ќе биде полесна и ќе имате плодни идеи.

Ако сте слободни

Можно е да наидете на недоразбирање од страна на околината, што ќе ги отежнува вашите контакти и можноста да запознаете личност која би ви одговара за да влезете во емотивна врска. Со една личност ќе имате интензивна комуникација, но можни се различни ставови во однос на важни прашања. Таа личност ќе ви делува привлечно и многу ќе ви се допадне, па ќе решите да и дадете шанса.

Некои Стрелци ќе бидат привлечени од личност која на нив ќе остави позитивен впечаток со својата појава и интелигенција.

Јарец

Ако сте во врска

Меркур кој минува низ вашето поле на љубовта ќе прави ретроградна конјункција со Сонцето, а тоа ќе ви донесе неопходни промени во врската со што ќе морате да обрнете повеќе внимание и емоции на саканата личност. Првиот дел од јули носи недоразбирања во однос на домашните обврски.

Вториот дел од месецот носи притисок од страна на партнерот и авторитативно и себично однесување. Тоа можете да го решите со искрен разговор.

Ако сте слободни

Повеќе ќе се движите овој месец и ќе забележите некои личности кои ќе ви испратат сигнали дека се заинтересирани. На почетокот една личност ќе ви изгледа привлечно, но можно е да се сложувате за многу малку работи. Дури на крајот на јули се јавува можност за поблизок однос со личност која од порано ви се допаѓала, но била отсутна.

Некои Јарци ќе минат низ разочарување поради личност која им е привлечна, но со која ќе се разидат овој месец. Сепак, средба со личност од минатото може да ви ја врати надежта, овој јули.

Водолија

Ако сте во врска

Ретроградната конјункција на Меркур со Сонцето на почетокот на месецот носи решавање на она што во минатиот период не сте можеле да го решите со саканата личност. Ќе имате идеи и иницијатива за промени, па тоа ќе ви одговара.

Средината на јули носи мала криза во односот, па можно е и откривање на некои тајни кои ќе ја разнишаат врската. Само отвореноста и искреноста можат да ја решат оваа ситуација.

Ако сте слободни

Ќе почнете поинтензивни средби со личност со која делите многу заеднички интереси, а која неодамна сте ја запознале на една забава. Ќе уживате во темите кои ви се заеднички, а тоа во вас ќе пробуди многу убави чувства. Можни се различни мислења на одредени теми, но тоа нема да ви пречи. До крајот на месецот ќе започнете убава врска и ќе бидете задоволни.

Некои Водолии можно е да започнат слободна врска без обврски со личност која ја познаваат преку социјалните мрежи. Ќе ви биде потребно време да се прилагодите еден на друг, но полека ќе се навикнете.

Риби

Ако сте во врска

Меркур кој владее со вашето поле на љубовта на почетокот на месецот прави конјункција со Сонцето, а тоа носи промени кои ви се неопходни за да го ускладите односот со саканата личност а и двете страни да бидат задоволни. Ќе имате плодни идеи како брзо и лесно да остварите заеднички цели. Променливите аспекти на Меркур ви носат убаво дружење и забава овој месец.

Ако сте слободни

Ќе запознаете личност која по природа има ведар дух, која е комуникативна и полна со информации на различни теми и со која се согласувате во многу аспекти. Ќе излегувате повеќе и ќе се дружите, а ќе се родат и чувства.

Некои Риби ќе бидат неодлучни дали да започнат нова врска со личност која одамна сте ја запознале, а други ќе одлучат да се вратат на личност од минатото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа