Close Menu
Press24
    Најново

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел

    28.10.2026 во 17:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Студентите бараат 200 денари за оброк
    • Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани
    • Неофицијално: Искра Хаџи Василева победи на изборите за шеф на Обвинителството за организиран криминал
    • Шест часа ќе нема струја – најавени исклучувања во неколку општини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Голем број случаи на семејно насилство и вознемирување низ Македонија: Приведени повеќе лица

    Голем број случаи на семејно насилство и вознемирување низ Македонија: Приведени повеќе лица

    09.09.2026 во 15:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полициските службеници од повеќе сектори за внатрешни работи во текот на изминатото деноноќие регистрираа низа инциденти поврзани со семејно насилство, закани и вознемирување, при што се приведени повеќе лица низ државата.

    Во струмичко село вчера во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода 37-годишна жителка. Според пријавеното, таа околу 12:00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот 40-годишен сопруг. За настанот е запознаен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Инцидент е забележан и во Богданци во 20:15 часот, каде што полициски службеници од ОВР Гевгелија лишиле од слобода 57-годишен жител. Тој бил приведен по претходна пријава дека во семејниот дом, под дејство на алкохол, агресивно се однесувал кон неговата 53-годишна сопруга. Лицето е задржано во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и следува соодветен поднесок.

    Во Куманово во 21:25 часот, СВР Куманово го лиши од слобода 44-годишниот О.К., откако неговата сопруга пријавила дека ѝ упатувал закани. Осомничениот бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

    Физички напад врз партнерка е регистриран и во Велес во 15:45 часот. таму полицијата го лишила од слобода Е.Б.(41) од село Горно Оризари, кој во домот каде што привремено престојувал физички ја нападнал својата 37-годишна партнерка. За случајот е известен јавен обвинител.

    Покрај дневните интервенции, полицијата поднесе и кривични пријави за претходно документирани случаи. ОВР Виница поднесе кривична пријава против Е.Б.(33) од Виница поради постоење основи на сомнение за кривично дело „загрозување на сигурноста“, откако агресивно се однесувал и ѝ упатувал закани на својата сопруга.

    Истовремено, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Џ.(57) од гостиварско за кривично дело „демнење“. Пријавениот во повеќе наврати следел, вознемирувал и упатувал закани на 49-годишна жена од Гостивар.

    Прочитај повеќе

    Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел

    28.10.2026 во 17:39

    Приведените за двете убиства во Ѓорче Петров признале во полиција – жртвите биле врзувани и претепувани

    28.10.2026 во 16:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.