Гобац: Веселин Вујовиќ никогаш нема да биде селектор на Хрватска

 

Хрватската ракометна репрезентација се прости од Европското првенство со 11. место. Обложувалниците и предвидуваа дека ќе биде на истата позиција пред турнирот, но очекувањата се зголемија по фантастичната победа против Шпанија на отворањето на турнирот. На крајот тој пласман беше прогласен за неуспешен, па почна потрагата по виновникот.

Селекторот Горан Перковац вообичаено е прв на списокот, но е убеден дека ќе остане на својата позиција. Во случај на отказ, домашниот стручњак Ненад Кљаиќ изјави дека за селектор го гледа Црногорецот Веселин Вујовиќ. Таа идеја не му се допадна на легендарниот капитен на Хрватска, Петар Метличиќ, но ниту на потпретседателот на Хрватскиот ракометен сојуз, Зоран Гобац.

„Во хрватскиот ракомет има доволен број стручњаци кои можат да ја играат улогата на селектор, така што нема проблем. Вујовиќ исклучително го ценам како тренер и како човек, но хрватската репрезентација е една работа, а РК Загреб е друго, со Вујовиќ никој не разговарал за селекторската позиција и нема да разговара. Ова се флоскулите на овие различни господа. Горан Перковац го постави Лино Червар кога беше координатор, јас не го поставив. Вујовиќ сигурно никогаш нема да биде селектор на хрватската ракометна репрезентација“, изјави Гобац за „Индекс“.

25.01.2024 - 19:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа