Го вклучија црвениот аларм: Америка итно ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро да ја напуштат таа земја.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно денеска изјави дека САД се „длабоко загрижени“ поради фактот што американскиот државјанин, дописникот на Волстрит Журнал, Еван Гершкович, е приведен во Русија.

Претходно денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со приведувањето на дописникот за шпионажа, изјави дека не станува збор за сомнеж, туку дека новинарот е „фатен на дело“.

Гершкович, 32-годишен дописник на московското биро на американскиот весник, е приведен во Екатеринбург под сомнение за шпионажа, објави претходно ФСБ.

Како што наведуваат, „по инструкции на американската страна, тој собирал информации кои се државна тајна за активностите на една од компаниите на рускиот воено-индустриски комплекс“.

30.03.2023 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега