Го виделе дека превезува мигранти - го оставил возилото среде пат, мигранатите останале внатре
На 29.03.2025 во 20.00 часо на автопатот А1, во близина Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен проверки Богородица забележале патничко возило „бмв“ со српски национални ознаки во кое имало мигранти и кое не застанало на знак за запирање. По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на патот помеѓу селата Војшанци и Пепелиште, неготинско и во него била пронајдени шест лица мигранти, од кои по три од Сирија и Египет. Мигрантите биле пренесени во прифатен центар и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа