Вчера околу 13:40 часот на автопатот Скопје-Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип го лишиле од слобода П.И.(40) од Велес, соопштија од МВР.

При преземање службени дејствија, полициските службеници сопреле патничко возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал и при обид да извршат преглед над него, при излегување од возилото фрлил кутија од цигари со бела прашкаста материја, која била пронајдена и одземена.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Exit mobile version