Го претепале до смрт бидејќи не им дозволил да влезат без маски: Возач на автобус во Франција починал во болница

Возач на автобус во Франција е смртно претепан, бидејќи не им дозволил на луѓе да влезат без заштитни маски.

Како што пренесува Би-би-си, четворица луѓе, од кои никој не носел маска ниту имал билет за возење, го нападнале 59-годишниот возач во градот Бајоне, по што се здобил со тешки повреди на мозокот.

Полицијата соопшти дека еден од напаѓачите е уапсен.

Откако многу возачи на автобуси одбија да работат во знак на протест поради нападот на нивни колега, регионалниот сообраќаје во прекин.

Маските за лице во Франција се задолжителни во јавниот сообраќај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.07.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега