Close Menu
Press24
    Најново

    Адријана Јаневска мета на организиран напад: Пејачката ги демантира гласините за советничките функции

    24.02.2026 во 18:42

    ФОТО: Патот кон Теферич затворен за сообраќај – бидете внимателни

    24.02.2026 во 18:37

    ДУИ: За Филков, албанскиот јазик во правосудниот испит „не постои“

    24.02.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Адријана Јаневска мета на организиран напад: Пејачката ги демантира гласините за советничките функции
    • ФОТО: Патот кон Теферич затворен за сообраќај – бидете внимателни
    • ДУИ: За Филков, албанскиот јазик во правосудниот испит „не постои“
    • Тетово со нови протоколи по серијата закани за поставени бомби во училиштата
    • Стабилизирана е состојбата со приватните превозници во Скопје
    • Путин дециден: Русија е непобедлива, непријателот нема шанси
    • Го нападнала мечка – заради стравот ќе добие 300.000 денари
    • СДСМ: Филков е дел од циркусот зад кој се крие криминалната власт и диловите на ВМРО со ДУИ
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Го нападнала мечка – заради стравот ќе добие 300.000 денари

    Го нападнала мечка – заради стравот ќе добие 300.000 денари

    24.02.2026 во 17:322 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Маж од кичевско ќе добие 300.000 денари надомест за претрпени физички болки и страв, откако бил нападнат од мечка, пренесува „Слободен печат“.

    Инцидентот се случил во август 2022 година, кога мажот пеш се враќал од нива кон својот дом. Без провокација бил нападнат од мечката, која го гризнала. При нападот тој се здобил со повреди на десната страна од челото и слепоочницата, како и со нагмечувања на дланките и натколеницата.

    По настанот бил хоспитализиран во болницата во Прилеп, каде што му биле хируршки санирани повредите, а примил и вакцина против беснило. Поради последиците од нападот, побарал и психијатриска помош. Според медицинските наоди, болките со силен интензитет траеле околу десет дена, особено во пределот на главата и дланките.

    Основниот суд во Кичево првично му досудил 350.000 денари за нематеријална штета. Сепак, по жалба, случајот бил разгледан од Апелациониот суд во Гостивар, кој ја намалил отштетата на 300.000 денари.

    Со конечната одлука, на оштетениот му се доделени 100.000 денари за физички болки, 100.000 денари за претрпен страв, 50.000 денари за намалена општа животна активност и 50.000 денари за душевни болки поради нагрденост.

    Во жалбата, тужителот побарал повисок износ, наведувајќи дека институциите не презеле доволно мерки за заштита од вакви напади. Апелациониот суд, пак, оценил дека првично досудената сума е превисока и ја намалил отштетата.

    Популарно

    Панчевски: Три пати ме ставија во Шутка поради Заев – Да не му треба и негувателка на Груби?

    24.02.2026 во 10:49

    Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000 денари – парите ќе одат за здравството и образованието

    24.02.2026 во 11:59

    Подгответе се: Утре ќе нема струја до 15:30 часот, проверете дали сте на листата за исклучувања

    24.02.2026 во 16:00

    Се огласи Груевски: “Вистината е како шило, ќе боди лево-десно, напред-назад и оп на површина”

    24.02.2026 во 08:37

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.