Го измамила: Жена од Кочани му „здипли“ 750 евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четириесет и тригодишната Ј.Ш. од Кочани. Како што соопшти полицијата, лицето се сомничи за сторено кривично дело „измама“.

Информациите кои МВР ги изнесе се дека во текот на 2022 година, тетовец ѝ исплатил 45.000 денари на пријавената, која го довела во заблуда дека ќе му помогне да добие странски документи.

Притоа, тетовецот останал и без парите и без ветените документи.

 

27.03.2024 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега