Close Menu
Press24
    Најново

    Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи

    29.10.2026 во 14:21

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Најмалку една година за неопходните законски измени за МВР да ги прифаќа дигиталните лични карти и возачки дозволи
    • Куманово: Цели девет месеци силувал дете
    • Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари
    • Муцунски: Процесот на европска интеграција да биде кредибилен и предвидлив и со забрзана динамика
    • Злетовец вплеткан во меѓународна шема за измами: Натерал сограѓанин да направи 18 уплати во странство
    • Обвинение за силување 15-годишно дете, сопруг тепал сопруга и ќерка, мајка малтретирала малолетничка
    • Печурки, табелети, марихуана, хероин: Што сѐ пронајде полицијата за 24 часа?
    • Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја-членка на ЕУ да станува прибежиште од македонското правосудство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полицијата го застанала, забрзал и се забил во банкина – Двајца криумчари паднаа во раце на МВР

    Полицијата го застанала, забрзал и се забил во банкина – Двајца криумчари паднаа во раце на МВР

    22.07.2026 во 09:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 21.07.2026 во 12:25 часот, на улицата „Партизански одреди“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода С.С. (35) од Струмица, поради сомнение за сторени кривични дела „криумчарење на мигранти“ и „фалсификување исправа“.

    При контролата, лицето било затекнато како управува патничко возило „Ауди А5“ со кавадаречки регистарски ознаки кои, како што е утврдено, припаѓале на друго возило. Во автомобилот биле пронајдени пет лица мигранти од Авганистан, како и албански регистарски таблички, сообраќајна дозвола, зелен картон и договор за изнајмување на возило од рент-а-кар компанија.

    За случајот бил известен јавен обвинител, а лицето било задржано во полициска станица.

    Истиот ден во 17:50 часот, на експресниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ и СВР Велес дале знак за запирање на патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани мигранти.

    Возачот не запрел, туку продолжил со движење, по што кај клучката Крушевица изгубил контрола над возилото и удрил во банкините покрај патот. По несреќата, возачот и мигрантите го напуштиле местото.

    Набргу потоа, во близина биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан со телесни повреди. Тие биле пренесени во Општата болница во Кавадарци, каде им била укажана медицинска помош, а потоа биле сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“.

    По преземените мерки, на 22.07.2026 во 01:00 часот, на експресниот пат Прилеп – Градско, кај клучката Крушевица, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М. (30) од Скопје, во кое како сопатник бил И.Н. (34) од Скопје, со живеалиште во село Крушопек.

    Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело, од слобода бил лишен И.Н., кој бил предаден во полициска станица.

    Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите, против инволвираните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Куманово: Цели девет месеци силувал дете

    29.10.2026 во 14:08

    Речиси 580.000 евра на сметка на мајката, синот пријавен за перење пари

    29.10.2026 во 13:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.