Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Приведен тинејџер: Се заканувал на полицаец преку социјални мрежи
    • Радев бесен: Напад со дронови во Бугарија – еден брод потонал друг се запалил
    • Мицкоски: Откриени над 4.500 лажни корисници – починати и иселени примале социјална помош
    • Вработениот го фатил како краде, па му одговорил со тупаници – апсење на Бит Пазар
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини

    Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини

    22.04.2026 во 23:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Глобалните земјоделско-прехранбени системи се наоѓаат на работ на колапс поради екстремните топлотни бранови, со што се загрозени здравјето и егзистенцијата на повеќе од милијарда луѓе, се предупредува во заедничкиот извештај на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) и Светската метеоролошка организација (СМО).

    Во извештајот се истакнува дека температурите над 30 степени Целзиусови нанесуваат штета на посевите, сточарството, рибарството и шумите.

    Директорот на Канцеларијата за климатски промени во ФАО, Кавех Захиди, изјави дека секој пораст на глобалната просечна температура за еден степен ја намалува продуктивноста на пченката, оризот, сојата и пченицата за околу шест отсто. Тој додаде дека „екстремните жештини ја менуваат мапата на она што земјоделците, рибарите и шумските работници можат да го произведуваат, како и времето на производство, а во некои случаи одредуваат дали воопшто можат да го продолжат работењето“.

    Кризата не е ограничена само на копното, бидејќи, според извештајот, 91 отсто од светските океани во текот на 2024 година забележале најмалку еден морски топлотен бран, што доведе до намалување на нивото на кислород и го загрози рибниот фонд.

    Современите климатски податоци покажуваат дека глобалното затоплување се забрзува, а 2025 година е рангирана меѓу трите најтопли години досега, што доведува до почести и поинтензивни екстремни временски појави.

    Се очекува интензитетот на екстремните временски настани да се зголеми за четири пати доколку глобалното затоплување достигне три степени Целзиусови во однос на нивото од 1,5 степени.

    Иако агенциите на Обединетите нации повикуваат на унапредување на системите за рано предупредување и подобра достапност на податоците за земјоделците заради прилагодување на роковите за сеидба, експертите предупредуваат дека тие мерки се само привремени, а трајното решение е во амбициозните и координирани меѓународни акции за сузбијање на климатските промени.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.