Гласање до 15 часот: 45% од избирачите во Струга го искористиле своето право на глас
До 15 часот во Струга 23 проценти од вкупно 60.894 гласачи го оствариле своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори, а во Вевчани гласале 45 отсто од 2.072 регистрирани гласачи.
Претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска информираат дека гласањето се одвива тековно без никакви нарушувања на избирачкиот процес.
Гласачките кутии во двете општини беа отворени утрово во 7 часот.
Во Општина Струга се гласа на 101 избирачко место, додека во Вевчани граѓаните своето гласачко право можат да го остварат во три избирачки места
24.04.2024 - 16:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа