Ѓраѓани барале невакциниран попишувач
Портпаролката на Државниот завод за статистика, Јасмина Ѓоргиева, за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ раскажа за ситуација кога од Комисијата било побарано да биде пратен невакциниран попишувач - пренесува „Слободен печат“
„Населението со доверба ги прима поопишувачите, некои се попишуваат во двор, некои пред зграда, но имаше еден интерсен случај кога беше побарано да им се прати невакциниран попишувач, по што Комисијата излезе во пресрет на барањето и прати невакциниран попишувач за да го попише домаќинството. Јас ги замолувам граѓаните да го проверат овластувањето на попишувачот пред да почнат да даваат информации за себе, а на крајот да побараат увид во тоа што е напишано во програмата. Оние кои не живеат на истата адреса од лична карта не треба да се грижат, ќе бидат попишани во домот во кој моментално живеат, бидејќи нас ни е важно да знаеме и колкава е населеноста во секоја населба и општина, објаснува Ѓоргиева.
Инаку, на десеттиот ден од почетокот на пописот, попишани се 618.000 граѓани, од кои 105. 000 само во текот на вчерашниот ден.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа