Close Menu
Press24
    Најново

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“
    • Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот
    • Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството
    • Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните
    • Пред смртта му дал ветување на својот брат: Дарко Лазиќ откри што Драган го замолил да направи за него
    • Во Колумбија се урна авион со 110 војници
    • Кралицата Камила се „почести“ сo нови веѓи, платила 1700 евра
    • Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје

    Ѓорѓиевски: Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје

    14.11.2025 во 16:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје – обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    На денешната седница на Советот на Град Скопје, беше изгласан ребаланс за закрепнување на градот и јавните претпријатија, ребаланс кој ќе овозможи плати за вработените, но и со кој кратиме непродуктивни трошоци, рече Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите советници за поддршката и конструктивноста.

    Почнуваме со консолидација, истакна Ѓоршиевски.

    „Овој ребаланс значи сериозна промена со кој буџетскиот дефицит го намалуваме за 928,5 милиони денари, а капиталните инвестиции ги зголемуваме за речиси 98,9 милиони.

    Тоа е јасна порака дека нема повеќе нерационални задолжувања, туку нови решенија и нови проекти.

    Јавниот превоз го решаваме без нови кредити и без да го ставаме градот на колена.

    Приватните превозници се враќаат и повторно ќе возат, повторно ќе служат на скопјани.

    Во тек е соработка со Министерството за транспорт за повторно оживување на Градскиот воз“, посочи Ѓорѓиевски.

    Ѓорѓиевски истакна дека Владата веќе ја спроведува набавката на 80 нови автобуси, а ние започнуваме со разгледување на БРТ – системот кој ќе го подигне јавниот превоз на повисоко ниво.

    „Во образованието правиме силен исчекор напред.

    До крајот на годината, училиштата ќе добијат нови спортски терени, фитнес зони, смарт табли, кабинети за информатика и лаптоп за секој првенец на генерација. Ќе се реши и хроничниот недостаток на столчиња и училишни клупи, рече градоначалникот.

    Ѓорѓиевски истакна дека со овој ребаланс започнуваме и со реализација на ветените проекти како што се парк ,,Христијан Тодоровски – Карпош”, парк ,,Лепенец”, како и изградба на 50 нови помали паркови низ градот.

    „Во делот на инфраструктурата стартуваме со проекти што одамна требаше да бидат завршени.

    Тоа се реконструкција на улицата ,,Фрањо Клуз”, кружниот тек во Ѓорче Петров, трета лента на булеварот ,,Александар Македонски”, прва фаза на булевар ,,Хрватска”, булевар ,,АСНОМ”, клучката кај ,,Момин Поток”.

    Дополнително, обезбедуваме и средства за изработка на проектна документација за улиците ,,Шарпланинска”, ,,Бутелска”, ,,Радишанска”, кружен тек кај ,,Тобако 2” и други.

    Во буџетот има средства и за надомест на експропријација, со што конечно ќе се отвори патот и за реализација на поголемите булеварски решенија, меѓу кои и булеварот ,,Борис Трајковски”.

    Времето на стагнација и уназадување на градот заврши.

    Скопје почнува да оди напред повторно.

    Знам колку длабоко градот е во финансиски амбис.

    Но знам и дека нема да отстапиме.

    Ќе го дадеме последниот атом сила од нас за да го вратиме Скопје на правиот пат.

    Ова е само првиот чекор.

    Продолжуваме уште посилно!“, нагласи Ѓорѓиевски.

    Популарно

    Нетанјаху изјави дека Трамп го информирал за новата можност за договор со Иран кој „ги штити израелските интереси“

    23.03.2026 во 23:55

    Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

    23.03.2026 во 23:23

    Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

    23.03.2026 во 22:41

    Тренчевска: Мерката на Владата е задоцнета и без ефект, потребни се сет мерки за заштита на стандардот на граѓаните

    23.03.2026 во 22:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.