Утрово ја одржавме традиционалната средба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, информираше на ФБ градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Им се заблагодарив за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои го положија животот пред олтарот за слободно Скопје.

На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор.

Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе.

Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември!

Слава на борците за слободно Скопје!“, напиша ѓорѓиевски на ФБ.

Exit mobile version