Скопското Кале, еден од најголемите симболи на главниот град, конечно ќе биде ставено во функција на уметниците и граѓаните. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за култура Зоран Љутков и истакнати стручњаци, денеска извршија увид на локалитетот со цел негово целосно активирање.
Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот, истакна Ѓорѓиевски.
Градоначалникот на Град Скопје истакна дека денес, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршиле обиколка и детален увид на локалитетот Скопско Кале, со цел јасно да ја согледаат актуелната состојба и реалните можности за негово понатамошно активирање во рамки на визијата Скопје – Европска престолнина на културата.
Како градоначалник на Град Скопје, имам јасна и недвосмислена цел која подразбира целосно отворање на просторот на Скопското Кале, негово внимателно, стручно и одговорно приспособување, и ставање во активна функција за културни и уметнички содржини, со апсолутно почитување на историските слоеви и автентичното културно наследство, рече Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски посочи дека низ светот постојат бројни позитивни примери каде објекти со силна историска и симболична вредност се целосно интегрирани во современиот културен живот како сцени за театар, музика, изложби и современи уметнички перформанси. Тие се живи простори во кои се води постојан дијалог меѓу античкото наследство, османлискиот период и современите уметнички изрази.
„Токму ваквиот пристап овозможува не само заштита, туку и активна, смислена интерпретација на културното наследство.
Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град.
Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје.
Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија.
Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина“, потенцираше Ѓорѓиевски.
- Платил 2.000 евра за возачка дозвола на сопругата, но никогаш не ја добила – измама во Гостивар
- Дневен хороскоп: Силна интуиција за Овните, Вагите под налет на емоции, еве што ги чека Рибите
- Кумановец „падна“ во рацете на полицијата: Пронајдена дрога и дигитална вага при претрес
- Денеска се Младенци: Денешниот ден го открива времето за цела пролет, а еве што треба да јадете за здравје
- Клучни разговори во Флорида: Тимот на Трамп и украинските преговарачи бараат излез од војната
- СДСМ: Владата на Мицкоски ги остави граѓаните сами, цените во маркетите веќе вртоглаво растат
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание на Башановиќ, екс-советникот на Заев го води ПР тимот
- Пролетта носи изненадувања: Делови од Македонија се разбудија со температури под нулата


