Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно
    • Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел
    • ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата
    • Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност
    • ФОТО: Цената на нафтата „потона“ по изјавата на Трамп
    • Драма на гранците: Полицијата ги забрани протестите, транспортерите успеаја да го блокираат само „Свилај“
    • Трамп ги одложи воените удари врз Иран: Наредив 5-дневна пауза, имаме продуктивни преговори
    • Манасиевски: Дали 1,5 милиони евра од „Рекет“ завршиле во џебот на новиот ПР шеф на СДСМ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски: Решен сум да воведам ред во Скопје

    Ѓорѓиевски: Решен сум да воведам ред во Скопје

    10.11.2025 во 21:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека е решен да воведе ред во главниот град и дека тоа подразбира изрекување казни за девијантните појави. По 72-часовна акција за чистење, досега се изречени над 40 казни, а процесот ќе продолжи сè додека проблемите не бидат целосно отстранети.

    „Граѓаните плаќале цел изминат период, но за жал, не ги добивале услугите. Моја цел ќе биде, без разлика од кого е предизвикан проблемот, да се најде брзо решение“, рече Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот информираше дека ЈП Комунална хигиена сега располага со над 40 оперативни машини, со очекување бројот да се зголеми на околу 60, и дека е во тек обезбедување нови возила.

    Во рамки на заштитата на реката Вардар, во соработка со општествено одговорни компании ќе бидат поставени мрежи за заштита на коритото, додаде Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека и централните институции ќе мора да се вклучат во санкционирањето, бидејќи казнувањето не може да зависи само од Градот.

    Градските планови за наредниот период вклучуваат:

    • Средување паркови и чистење на депониите, додека градежните работи ќе се вршат по зимата.
    • Решавање на проблемот со загадувањето преку проширување на топлификацијата и преработка на отпадот во Дрисла.
    • Обнова на возниот парк на ЈСП: во март се очекуваат 80 еколошки автобуси за Скопје, и уште 70 за другите градови.

    Ѓорѓиевски истакна дека ЈП Комунална хигиена може да се расформира и да се подели во ингеренции на општините, но тоа ќе биде можно откако ќе се зајакнат капацитетите, за да се избегне дополнителен хаос.

    Популарно

    Клековски откри алармантни податоци: Секое петто боледување во МВР е лажно

    23.03.2026 во 13:16

    Муцунски на средби со ЕУ-претставници во Брисел

    23.03.2026 во 13:06

    ДЗС се здоби со два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет во Дирекцијата

    23.03.2026 во 12:50

    Кузеска: Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери – дали се загрозува финансиската стабилност

    23.03.2026 во 12:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.