Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски, најави офанзива против несовесното носење бездомни кучиња од внатрешноста во главниот град. Со воведувањето на системот „Сејф Сити“, секој обид за вакво дејствување ќе биде идентификуван и ригорозно санкциониран.

„Нема да дозволиме Скопје да биде депонија за кучиња од други градови. Ова прашање е веќе отворено со надлежните институции“, дециден е градоначалникот. Тој упати апел до скопјани да бидат сојузници во овој процес и да пријавуваат секаква сомнителна појава, со цел да се воспостави одржлив систем кој ќе ги исчисти улиците на хуман начин.

Exit mobile version