Close Menu
Press24
    Најново

    Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината

    03.04.2026 во 18:31

    Ескалација на Блискиот Исток: Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

    03.04.2026 во 18:14

    Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи

    03.04.2026 во 17:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината
    • Ескалација на Блискиот Исток: Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи
    • Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи
    • МВР фати возач на автобус – имал дефектни кочници и превезувал 35 деца повеќе од дозволеното
    • Скандал со храна во соседството: Бугарија уништува над 800 килограми путер
    • Приведени пет лица – полицијата ги фати со дрога
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Перу
    • Јаневска: Со 6 милиони евра поддржуваме иновативни проекти на универзитетите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ѓорѓиевски најави инвестициски бум во Бутел: Мега парк, кружен тек, нови улици

    Ѓорѓиевски најави инвестициски бум во Бутел: Мега парк, кружен тек, нови улици

    07.10.2025 во 11:422 Mins Read
    ФОТО: Facebook/Орце Ѓорѓиевски
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти за Општина Бутел, меѓу кои изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Бутелска“ и „Александар Урдаревски“, пробивање на нови улици и формирање на модерен мега парк.

    „Кружниот тек е дел од стратегијата за уредување на 50 критични крстосници низ Скопје, со цел зголемена безбедност и ред во сообраќајот. Сакаме град со нула фатални несреќи до 2030 година“ изјави Ѓорѓиевски.

    Паралелно со тоа, ќе следи и целосна реконструкција на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, вклучувајќи нов асфалт, пешачки патеки, осветлување и атмосферска канализација за решавање на долгогодишниот проблем со поплави.

    Планирано е и поврзување на „Бутелска“ со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со што ќе се намали метежот и ќе се подобри пристапот кон Бутел.

    Меѓу пошироките проекти се реконструкцијата на Стар Качанички пат и развојот на Економската зона Визбегово, а на урбанистички план, Бутел ќе добие и нов модерен мега парк долж булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, со зелени површини, детски и спортски содржини.

    Ѓорѓиевски најави и ревитализација на реката Серава со уредени зелени коридори, велосипедски и пешачки патеки.

    „Овие проекти се дел од визијата за Скопје како безбеден, функционален и модерен град кој се развива во корист на граѓаните“ порача тој.

    Популарно

    Како спијат астронаутите во „Орион“: Висат како лилјаци на патот кон Месечината

    03.04.2026 во 18:31

    Ескалација на Блискиот Исток: Иран со проектили и дронови ги нападна сопствените соседи

    03.04.2026 во 18:14

    Ректорите на државните универзитети потпишаа Меморандум со агенцијата ИНОВА: Поддршка за истражувања и студентски стартапи

    03.04.2026 во 17:55

    МВР фати возач на автобус – имал дефектни кочници и превезувал 35 деца повеќе од дозволеното

    03.04.2026 во 17:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.