Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевski, оствари средба со делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа, во состав од коизвестувачите Андерс Кнапе од Шведска и Матијас Гисин од Швајцарија, експертот за Европската повелба за локална самоуправа, Ивета Реинхолде, како и претставници на Секретаријатот на Конгресот. На средбата се разговарало за напредокот на локалната самоуправа, јакнењето на општините и обезбедувањето поквалитетни услуги за граѓаните.
Ѓорѓиевски ја истакнал значајната финансиска поддршка што општините ја добиваат од Владата за реализација на инфраструктурни проекти.
„Тоа е поддршка што се преточува во нови улици, подобра инфраструктура и решавање на потребите на граѓаните“, нагласил тој, додавајќи дека унапредената соработка со министерствата и новиот Меморандум меѓу Владата и ЗЕЛС претставуваат цврста основа за нови резултати.
Тој ја потенцирал и посветеноста кон натамошна децентрализација, финансиски посилни општини и поефикасна локална администрација, оценувајќи дека преку партнерски однос со Владата се носат решенија за секојдневните потреби на граѓаните.
Делегацијата го препознала ЗЕЛС како силна и обединета организација која успешно ги застапува интересите на локалните власти, што претставува признание и поттик за понатамошна работа.
„За мене, успехот на секоја соработка се мери со она што граѓаните го чувствуваат во својот живот – уредена општина, подобра услуга и општина што е достапна и подготвена да помогне“, порачал Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека соработката продолжува со конкретни дела за секој граѓанин.


