Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека градот имал чест да биде домаќин на Државниот натпревар по прва помош во организација на Црвениот крст. Тој истакна дека Црвениот крст е симбол на хуманоста, солидарноста и надежта, кој секогаш е таму каде што помошта е најпотребна.
Според него, младите учесници покажале знаење, вештина, храброст и човечност, како и подготвеност во вистински момент да се спаси човечки живот.
„Тие се доказ дека имаме млади луѓе кои знаат, умеат и сакаат да градат општество во кое грижата за другиот е вредност.“
Ѓорѓиевски нагласи дека Град Скопје и понатаму ќе биде силен партнер на Црвениот крст и ќе ги поддржува активностите што создаваат одговорни, хумани и подготвени генерации. На крајот, тој им честиташе на сите учесници за покажаниот труд и им посакува успех на најуспешните.
„Хуманоста нема цена. А знаењето да спасиш живот е вредност што нема замена.“


