Целосна мобилизација на сите градски служби и јавни претпријатија е прогласена во Скопје, каде екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ за да ги санираат последиците од силното невреме.
Поројниот дожд и ветерот кои го зафатија главниот град наложија итна и координирана реакција на терен со цел да се спречат поголеми материјални штети и да се заштитат граѓаните.
Надлежните уверуваат дека се во постојан контакт со сите локални градоначалници и релевантни институции, нагласувајќи дека состојбата е под контрола и нема простор за паника.
- „Со брза, навремена и координирана реакција спречивме поголеми последици од невремето кое го зафати Скопје. Екипите на Град Скопје и јавните претпријатија се будни, мобилизирани и на терен. Така ќе остане во текот на целата ноќ, сè додека има потреба од интервенција и поддршка за граѓаните“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.


