Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.

Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред, истакна Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите кои ја препознава визијата и ја дадоа довербата и избраа иднина за Скопје.

„Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него.

Скопје го правиме заедно. По скопски!

Победата ќе биде историска!“напиша Ѓорѓиевски.

Exit mobile version