Ѓорчев: Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата предводена од Заев, а во ЕУ не сакаат корумпирани држави

Позицијата на Македонија во моментов е како никогаш полоша во македонската историја откако имаме држава. Македонија никогаш не била попонижена и покрадена. Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата, а во Европска Унија не им требаат  корумпирани држави, изјави  Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што мисли народот“ на ТВ стар.

Ѓорчев потенцира дека иако политиката на Заев беше да распродаде се што имаше, да ги руши сите црвени линии кои беа градени со години, сега се покажа дека ЕУ не сака корумпирани држави и влади како таа која ја предводи СДСМ и тоа јасно ни е укажано повеќе пати и затоа имавме вето и од Франција кое меѓу редови беше поддржано и од земји како Холандија, Белигија и Данска.

- Во моментов според рангот на Транспаренси Интернешнл, Македонија е најкорумпирана држава во Европа, ја имаме најкорумпираната власт. Кога ќе се стават настрана пофалбите на власта и кога ќе ги видиме бројките, доаѓаме до вистината.  Оваа власт го има најголемиот буџет во историјата, дојдовме до 4,5 милијарди евра годишно, а ништо не изградено. Нема ниедна друга власт која толку ги исцедила народот и стопанството како оваа власт, а истовремено да нема ништо испорачано, истакна Ѓорчев.

Во насока на распродажба на се што е македонско и погазување на црвените линии, тој вели дека се и реформите на Царовска и власта во образованието и воведување на само дигитални учебници позади кои се крие намера за бришење на историјата, бришење на македонските книги и македонскиот идентитет.

- Светот се дигитализира, а  ако некој ја донесе дигитализацијата во Македонија, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа преку компјутер за секое дете. Имаше илјадници компјутери и не зависевме од донација на фирми, ако даде 20 компјутери па месец дена да се сликаме со тоа. Дигитализација е потребна, но тоа не треба да ги дерогира печатените учебници, книгите.  И на Харвард, Принстон, Оксфорд, на најдобрите универзитети во целиот свет се учи од книги. Сега заради каприците на Мила Царовска, ние треба да осакатиме цели генерации и десетици илјади деца, истакна Ѓорчев. 

07.06.2021 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега