Ѓорчев: Ќе си паднете

Владимир Ѓорчев преку статус на Фејсбук пишува дека Заев без срам го честита денот на демократијата.

„Канидатот со 99,9 % ни честита демократија? Автократот на хибридниот режим, во “делумно слободна” земја.

Затворите се полни со политички затвореници. Судството го наполнија со послушници. Го исклучија Максо од партија, Стојко го разрешија.
Лакрдија. Потепаа 1.000 со кластер “ажурирање на членство”. Плус уште 1.000 мртви од ковид додека глумеа “нормалност” на внатрепартиски избори во кои единствениот кандидат Зоки доби 99,9 %.

Струмица е станата пашалак на грст луѓе, а сега тоа го прават со цела Македонија. Станавме Заевистан во полна смисла на зборот.

И тој честита демократија?! Отвори се земјо, голтни не’ од срам. Срамота и брука. Ни срам, ни перде, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Ќе си паднете“ - пишува во фејзбук статусот на Ѓорчев. 

15.09.2021 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега