Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е распишана јавната набавка за изградба на кружен тек на крстосницата „Ѓорче Петров“ – „Македонска војска“, една од најкритичните точки во Скопје. Целта е поголема безбедност, помал метеж и побрзо движење.

Проектот е дел од визијата „Нула несреќи“ до 2030 година, со која се предвидува редизајн на 50 опасни крстосници и улици по европски стандарди, со цел Скопје да стане безбеден град за сите учесници во сообраќајот.

Дополнително, се планирани и други крупни инфраструктурни зафати во општина Ѓорче Петров:

ново поврзување на улицата „Лука Геров“;

реконструкција на улица „101“ во Волково;

проектирање на „Веле Марков“ како нова сообраќајна артерија;

изградба на улица „Шарпланинска“ со модерна инфраструктура и зеленило.

-Овие инвестиции значат подобра мобилност, побезбедни улици и повисок квалитет на живот за западниот дел на градот. Продолжуваме посветено со работа, со план и со љубов кон Скопје, пишува на Фејсбук Ѓорѓиевски.

Exit mobile version