Ѓоковиќ депортиран од Австралија затоа што не е вакциниран, а Рубљов примен позитивен на Ковид

Тенисерот Андреј Рубљов се пласираше во следното коло на Австралија Опен. По мечот тој даде изјава дека по влегувањето во Австралија бил позитивен на коронавирус.

„Мене лично сега не ме тестираат бидејќи штотуку прележав Ковид. Кога влегував во Австралија уште бев позитивен, но нивото на ковид СС, како што се нарекува, нема да лажам, беше мошне ниско и не е опасно. Ми беше дозволено да влезам во земјата. Освен тоа, поминав повеќе од десет дена во карантин. Можеби и понатаму бев позитивен. Но, веќе не сум заразен и опасен. Со оглед на тоа дека бев болен, повеќе не правам ПЦР тестирања“, изјави Рубљов.

За потсетување, Новак Ѓоковиќ беше депортиран од државата поради фактот дека не е вакциниран.

20.01.2022 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега