Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Д. (55) и З.Д. (54), двајцата државјани на Турција, поради сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Според пријавата, двајцата во периодот од 2019 до 2026 година, со закани и присила, натерале 66-годишен жител на Гостивар и неговиот 41-годишен син да им предадат изработено злато со вкупна тежина од 43 килограми и 800 грама.

Пријавените, како што се наведува, незаконски ја пресметувале вредноста на златото како стопена суровина, наместо како готови изработени производи, чија пазарна вредност е значително повисока.

Освен тоа, во февруари 2025 година, преку уценувачки и заканувачки пораки упатени до синот и неговото семејство, тие го принудиле 66-годишниот маж да потпише преддоговор за купопродажба на недвижен имот.

Преддоговорот бил потпишан кај нотар во Гостивар, при што, според пријавата, неговата содржина не му била прочитана.

Exit mobile version