Close Menu
Press24
    Најново

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Германските служби за вработување бараат Владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан

    Германските служби за вработување бараат Владата да не ги намалува дозволите за работниците од Западен Балкан

    16.10.2026 во 17:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германските служби за вработување упатија сериозно предупредување до владата да не ја преполовува квотата за работници од земјите од Западен Балкан кои не се членки на Европската Унија. Според надлежните, ваквиот потег може дополнително да го влоши акутниот недостиг на квалификувана работна сила во земјата.

    Сојузната агенција за вработување со седиште во Нирнберг објави податок дека во моментов над половина милион луѓе од Западен Балкан работат во Германија на работни места кои подлежат на социјално осигурување.

    Ванеса Ахуџа, член на управниот одбор на Агенцијата, порача дека постоечката годишна квота од 50.000 лица од регионот кои можат да дојдат на работа во Германија – позната како „Регулатива за Западен Балкан“ – во никој случај не смее да се намалува.

    Податоците покажуваат дека 53 отсто од работниците кои се преселиле од овој регион во Германија работат како квалификувани кадри или поседуваат повисоки квалификации, а околу половина од нив се ангажирани во сектори со критичен недостиг на кадар.

    – Преполовувањето на квотата ќе го ослаби успешниот модел на имиграција, ќе го влоши недостигот на квалификувана работна сила и ќе им ја отежне на компаниите потрагата по нови работници, изјави Ахуџа.

    Таа нагласи дека за успешно реализирање на владините инвестициски програми и плановите за забрзана изградба, компаниите мора да имаат слободен пристап до соодветен кадар.

    И покрај овие предупредувања, германската Влада планира од јануари 2027 година да ја преполови квотата, со што бројот на лица од Западен Балкан кои годишно би можеле да се вработат во земјата би се свел на 25.000.

    Прочитај повеќе

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25

    Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари

    28.10.2026 во 19:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.