Германскиот репрезентативец вечно ќе го памети голот во Скопје: Стана најмлад германски стрелец во последните 110 години (ВИДЕО)

Младиот германски тинејџер Џамал Мусиала, фудбалерот на германски Баерн Минхен вечно ќе го памети синоќешното гостување со „панцерите“ во Скопје, зашто постигна гол (четвртиот на мечот) со кој се запиша во историјата на фудбалот во една од најголемите фудбалски земји на светот.

Мусиала стана најмладиот германски стрелец во последниов век, зашто даде гол со само 18 години и 227 дена и со тоа е вториот најмлад стралец во историјата, ама прв во последниве 111 години, зашто најмладиот стрелец на Германија во историјата е Мариус Хилер од почетокот на 20-от век.

Хилер на 3 април 1910 година даде гол против Швајцарија со 17 години и 241 ден и оттогаш немало помлад од него, но Мусаила сега се запишува во историјата зашто е најмлад во последните сто години.

12.10.2021 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега