Германија ја врати Македонија на листа на ризични земји: Нови правила за влез

Заради ситуацијата со Ковид-19, Германија ја врати Северна Македонија на листата на ризични земји.

Со најновата одлука на германските власти, од македонските државјани при влез во Германија се бара електронско пријавување и поседување потврда за вакцинација или за прележан Ковид или негативен ПЦР тест. За лицата кои не биле заразени со Ковид и не се вакцинирани, следува 10-дневен карантин, а можат да бидат ослободени најрано на петтиот ден со тестирање за Ковид 19.

Од оваа мерка се ослободени невакцинираните деца до шест години, на кои карантинот им се прекинува по пет дена.

 

 

20.01.2022 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега