Германската влада им понудила финансиска надоместок на Авганистанците со одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа право. Според документ на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои во моментов се наоѓаат во Пакистан.

Поединците што ќе ја прифатат понудата ќе добијат еднократна исплата од 1.500 евра во Пакистан и дополнителни 5.000 евра како „помош за нов почеток“, но со тоа ќе се откажат од сите идни права и побарувања кон германската држава.

Министерството за внатрешни работи објаснило дека не може да гарантира брзо завршување на програмата за прием поради административни пречки и рокови што ги поставила пакистанската влада.

Хуманитарни организации ја осудија понудата, оценувајќи ја како „лоша“ и „недоволна“, истакнувајќи дека сумата не ги покрива ниту дел од трошоците што бегалците веќе ги направиле, а враќањето во Авганистан би го изложило нивниот живот на ризик под талибанскиот режим.

Инаку, неколку авганистански семејства кои поднеле тужби против германската држава успеале да добијат дозвола за влез и веќе пристигнале во Хановер.

Exit mobile version