Германец приведен на ГП „Св.Наум“

 


Вчера во 10.30 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Св.Наум“  го приведоа германскиот државјанин Ј.Ф.Д.(51).

При контрола и преглед на патнички автомобил „шкода фабија“ со албански национални ознаки, што тој го управувал, полициските и царинските службеници во неговиот ранец пронајдоа и одзедоа марихуана.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

28.10.2024 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега