Германец по 14.000 км одење пеш заврши во Битола: Заминав поради стрес, а ако најдам жена ќе останам во Македонија
Германецот Карстен Шеперс тргнал на пат околу светот пред четири години, а сега заврши во Битола, каде што даде кратко интервју за телевизија „Сител“, која го забележала додека дарувал крв.
Шеперс тргнал пред четири години од Германија, а притоа поминал 14.000 километри додека шетал низ Европа, а вели дека само 330 минал со превоз, кога било лошо времето.
Германецот откри дека за време на патувањето имал непријатности, како што е таа во Франција кога му украле 6.800 евра и останал без пари.
„Досега поминав низ 16 држави. Им кажав на луѓето дека ми се допаѓа Македонија со сите проблеми кои ги има. Се интересирам за геологија, мојата професија е дрводелец. Ако пронајдам жена, ќе останам во Македонија. Заминав од Германија поради стрец, иако бев менаџер. Имав многу разочарувања во Германија. Мојот прв работодавец не можеше да ми даде плата, а вториот имаше пари и не знаеше што да им прави“, вели Шеперс за „Сител“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа