СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.К.(38) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, на 23.08.2026 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници при извршен преглед на возилото со кое допатувал пријавениот, во неговиот личен багаж пронашле марихуана.

Exit mobile version