Герасимовски: Задоволството на граѓаните од сработеното во Центар води кон втор мандат

 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во интервјуто за Капитал на прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат, Герасимовски посочи дека во моментов целосно е фокусиран на реализација на планираните проекти, а доколку граѓаните се задоволни од сработеното сигурно ќе побара поддршка за втор мандат.

„Прво да го завршиме она што го ветивме, да ја заокружиме успешно нашата приказна, а граѓаните нека оценат и одлучат. Сакам да слушнам што мислат тие, преку лични контакти на терен, на буџетските форуми, и секако преку истражувањата и анкетите што ги спроведуваме. Ако граѓаните се задоволни од ветеното и сработеното, сигурно ќе барам поддршка за втор мандат”, Герасимовски.

Герасимовски се заблагодари на сите граѓани за довербата која му ја дадоа.

„И наредната година продолжуваме да работиме за уште поголеми успеси и подобра и пофунционална општина“, истакна Герасимовски.

17.12.2024 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега